Канада е на врвот на листата од 78 земји во светот што, според U.S. News and World Report, се најдобри за живот.
Земјите се оценети според агилноста, претприемништвото, квалитет на живот, социјална одговорност, отвореност за бизнис, наследство, моќ…
Меѓу 10-те најдобри земји за живот, освен Канада, се и: Јапонија, Германија, Швајцарија, Австралија, САД, Нов Зеланд, Велика Британија, Шведска и Холандија.
Македонија ја нема на листата, а од земјите во регионот највисоко котира Грција и тоа на 27-ма позиција. Хрватска е 46-та, Словенија е на 60-та позиција, Бугарија едно место подолу, а Србија е кон крајот односно на 76-то место.
На последните пет позиции се најдоа: Либан, Белорусија Србија, Ел Салвадор и Ирак.
Фото: Pexels