Ја вложиле заштедата во старо комбе и “тераат“ бизнис

581

Пред две и пол години, во ноември 2017 година, Милица (29) и Вукашин Ракочевиќ (29) од Подгорица, на интернет виделе оглас за продажба на комбе. Тие со парите кои ги имале заштедено, веднаш го купиле возилото и започнале нов бизнис, пишува порталот Priče sa dušom. Комбето било брзо реставрирано, а Вукашин го претворил во кампер и сè беше подготвено за работата во соништата.

На познатиот сајт AirBnb објавиле фотографии и комплетна понуда за изнајмување на комбето и клиенти најчесто им се странци кои патуваат во Црна Гора.

“Ние, исто така, нудиме помош на пат, а доколку има дефект на комбето, пристигнуваме на лице место што е можно поскоро и го решаваме проблемот. Нашите гости се растеретени и можат да уживаат во патувањето во целост“, вели Вукашин и додава дека комбето е опремено со комплетна опрема за кампување.

Нивните гости се претежно млади парови, авантуристи кои инаку сакаат да ја посетат и запознаат Црна Гора. Повеќето од нив доаѓаат од Франција, Велика Британија и Белгија, а планираат да понудат уште едно комбе со пет кревети, па затоа велат дека ќе има понуди за авантуристички семејства со деца. Со оглед на тоа што обајцата ја сакаат природата, кампувањето и авантуристичките патувања, купувањето комбе било само уште еден предизвик за нив, без многу размислување.

Преземено од www.pricesadusom.com

Фото:Nada Vojinović