Ја загубивте или ви ја украдоа картичката… што потоа?

32

Фото: Pixabay

Си го поставувате ли прашањето што ќе се случи доколку некој ви го украде паричникот, а во него, меѓу другото, имате кредитни или дебитни картички?

Вообичаено е картичките да бидат лесен и едноставен инструмент за плаќање, без да имате потреба да носите поголема или помала количина на готовина со себе. Но, понекогаш може да бидат лесна мета на крадци.

Доколку ви се случи да ја ви ја украдат или да ја изгубите картичката додека сте на годишен одмор, првото нешто што треба да го направите е да најдете број од контакт центар на банката за да може да се блокира. Корисничкиот сервис на банките на своите клиенти им нуди 24-часовна поддршка, па затоа не е лошо да го имате зачувано тој број или пак ако имате мобилна апликација или интернет приклучок да го имате предвид бројот.

Можноста да се злоупотреби картичката, нејзините податоци или парите со коишто располагате, е до моментот додека не се блокира картичката. Веќе од тој момент изгубената или украдена картичка станува обична пластична картичка.