Ја загубивте самодовербата…?

115

Вербата во себе е важен елемент на којшто се заснова успехот што ќе го постигнеме во животот. Постојат одредени животни или професионални ситуации коишто ве искушуваат, па си го поставувате прашањето дали можете да ја завршите таа обврска, дали сте ги прецениле вашите можности, дали шефот ви дал нешто што вие немате капацитет да го завршите… Иако го немате одговорот на овие прашања, сепак не дозволувајте да бидете исплашени. Напротив, соберете храброст, “фрлете“ поглед зад себе и вратете си ја самодовербата.

Што е тоа што ви прави да се чувствувате несигурни во себе

За секоја работа во животот најважно е да го најдете коренот на проблемот или ситуацијата. Тоа значи дека треба да го идентификувате изворот на страв, да направите анализа на вашите можности и да ја разберете суштината на проблемот. Ако одбиете да признаете дека причината е во вас, тогаш ќе направите два чекори наназад кон целта.

Погледнете му на стравот “во очи“

Ако ве обзема страв дека не можете да завршите некоја работа, немате доволно сила за да ги надминете потешкотиите, да се изборите во внатрешниот глас што ве саботира… тогаш најпрво смирено разгледајте ги причините поради кои о имате чувството на сигурност. Ако причините се основани, тогаш ќе научите како да го ставите стравот под контрола, но во случај за нив да нема некое посебно објаснувате, не срамете се да разговарате и да побарате помош од блиски или стручни лица.

Поставувајте реални, а не неостварливи цели

Подобро е целите да ги поставувате согласно вашите можности, бидејќи ако целите премногу високо, тогаш ќе наидете само на разочарување, што дополнително ќе ја поткопа вашата самодоверба. Тоа не е нешто што во моментот ви треба, затоа внимателно и одмерено во поставување на целите.

Фото: Pixabay