Jaguar: До 2025 сите автомобили на електричен погон

22

Британскиот производител на луксузни автомобили Jaguar објави дека до 2025 година, како дел од планот за запирање на производството на мотори со внатрешно согорување, сите модели ќе бидат на електричен погон.

Jaguar Land Rover,  во сопственост на индискиот конгломерат Tata Motors, се надева дека планот ќе придонесе за решавање на кризата и заздравување на пазарот на брендот луксузни автомобили кој постои 86 години.

Стратегијата наречена Reimagine потврдува дека JLR не планира да ги затвори фабриките на британска територија, туку тие ќе бидат трансформирани за производство на идните електрифицирани и електрични модели.

Оваа одлука ја поздрави британскиот министер за сообраќај Грант Шапс како голе чекор за британската индустрија.

Фото: Pixabay