Jaguar Land Rover опремен со Bike sense за заштита на велосипедистите

48

bike sense

Автомобилската индустрија не се грижи само за безбедноста и удобноста на возачите и патниците во нивните возила. Jaguar Land Rover направи чекор напред во безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, пишува порталот Engadget.

bike sense 3

Станува збор за технологијата Bike Sense, што испраќа сигнали со кои ги предупредува возачите доколку им се доближува велосипедист или мотоциклист. Сензорите што се поставени во надворешниот дел од автомобилот го детектираат движењето на велосипедистот и го алармираат возачот.

bike sense 1

Bike sense има и посебен систем за предупредување доколку возачот на автомобилот се најде среде сообраќаен метеж. Посебни LED светилки испраќаат сигнали, а доколку возачот ги игнорира, во тој случај вибрира педалата за гас. Кога возачот ќе го запре возилото и сака да излезе од автомобилот, а во исто време наидува велосипедист или мотоциклист, се вклучуваат сензорите и испраќаат предупредување до возачот.

bike sense 2