Јахта и авион во едно

87

Meet the Monaco 2050, a megayatch whose roof is a jet planeЗа оние кои имаат подлабок џеб и уживаат во патувањата на копно и воздух ова е можеби ќе биде најдобрата играчка до сега. Јахтата што истовремено се претвора во приватен авион беше претставена на Monaco 2050.

Таа е моментално концепт, а потсетува на нешто што можеме да го видиме само во филмовите.

Јахтата ги поседува сите модерни луксузни погодности, изобилува со елеганција заедно со вградениот приватен авион, којшто е интегриран во нејзината горна палуба.

Meet the Monaco 2050, a megayatch whose roof is a jet plane

“По потреба горната палуба се крева во висина и така се претвора во авион. Иако хеликоптер на јахта е веќе видена работа, сепак е тешко со него да прелетате преку Тихиот океан”, вели дизајнерот Василиј Клукин.

Во ова супер возило вградени се и џет мотори кои што овозможуваат летање преку мориња и океани.

Meet the Monaco 2050, a megayatch whose roof is a jet plane

Името на јахтата – авион, 2050 е претпоставка на рускиот дизајнер за годината кога ќе можеме за прв пат да се купи вакво возило.

Според неговите зборови, можеби и нема да се чека толку долго, со оглед на развојот на технологијата на дронови.

Останува да видиме кога овој концепт ќе стане реалност.