Јахтата на иднината ќе биде претставена во Црна Гора

20

super motorna jahta

Марината Порто Монтенегро, една од водечките пристаништа за суперјахти на Медитеранот, следното лето ќе биде домаќин на меѓународната презентација на новата атрактивна моторна јахта Корморан, што со право се нарекува “јахта на иднината“, пишува порталот Аналитика.

“Елегантна и практична, оваа моторна јахта е дизајнирана сопствениците да можат да ја трансформираат во брод по нивна желба. Главната карактеристика на оваа јахта е напредната технологија што го намалува отпорот на водата и до 80%, што резултира со поголема брзина со помала потрошувачка на енергија. Корморанот ќе биде изграден од комбинација на карбонски влакна, титаниум, нерѓосувачки челик и дрво, а внатрешноста што може да собере три лица, е обложена со кожа. За иновативниот и оригинален дизајн заслужен е извршниот директор на компанијата Оливер Корман, додека главен инвеститор на проектот е Даниел Порше од познатото германско семејство Порше што ја основаше фабриката за престижни спортски автомобили“, стои во соопштението што го пренесува порталот.

Следното лето во марината Порто Монтенегро ќе биде закажано и тест возење на оваа моторна јахта, а брендот Корморан ќе биде присутен и на Меѓународниот самит на претставници од оваа индустрија на трети и четврти јуни, но и на престижната манифестација Superyacht Renevzvous од втори до петти, двата во Порто Монтенегро во Тиват.