Јанчевски е новото име во тимот на Триглав Осигурување

242

Поранешниот генерален директор и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка,  Ѓорѓи Јанчевски е новото име во тимот на Триглав.

Ова беше потврдено на 53-та седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување, каде беше одлучено Јанчевски да стане неизвршен член на Одборот на директори со мандат од четири години.

Јанчевски е дел од основачкиот тим на Тутунска банка кон која што се приклучува во 1985 година како заменик директор.

Од 1998 до 2015 година ја извршува функцијата генерален директор на банката, каде по исполнувањето за услови на пензија се повлекува од директорското место.

Се очекува Јанчевски со неговото искуство да допринесе во развојот на Триглав, особено со неговото знаење и вештини во менаџмент на компании во финансискиот сектор.