Јаневски: За српските туристи да дадеме попусти во хотели и ресторани, бесплатен паркинг и влезници

84

Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, предлага до туристичко угостителскиот сектор и локалната самоуправа поволности за туристите од Република Србија.

Тој на својот фејсбук профил ги повика туристичко-угостителскиот сектор и општините да ги овозможат овие попусти за српските туристи.

Јаневски ги истакна поволностите кои ги предлага за српските туристи како бесплатни влезници за сите музеи, бесплатен паркинг во сите градови, попуст во сите угостителски објекти, попуст во сместувачките капацитети и брз трансвер на граничните премини.

“Туризмот не познава државни граници, туку дестинации кои се протегаат до каде имаат интерес туристите да посетуваат одредени атракции. Многупати сум потенцирал дека целиот Балкан преставува една туристичка дестинација и во овие тешки времиња сме си потребни едни на други како никогаш досега за да спасиме животи, туризмот и економиите на нашите земји. Затоа почитта, разбирањето и солидарноста треба да биде најголем чин во ова време – невреме кое се надвиснало над сите ,а мислата на мајка Тереза да не води напред. Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Бидејки подадената рака во тешките моменти никогаш не треба да биде заборавена!“, напиша Јаневски.

Фото: Pixabay