Јанез Јанша осуден на две години затвор

21

jansaСудот во Љубљана го осуди поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша на две години затвор и парична казна од 37.000 евра поради вмешаност во корупција во случајот Патриа, јавуваат словенечките медиуми.

Јанша заедно со двајца поранешни соработници е прогласен за виновен за примање поткуп при потпишување на договор во 2006 година помеѓу словенечката влада и финската компанија Патриа за набавка на 136 оклопни возила во вредност од 278 милиони евра.

Поранешниот словенечки премиер беше обвинет заедно со офицерот на словенечката војска Тониј Кркович и директорот на фирмата Ротис, Иван Чрнкович. Обвинителството бараше Јанша да биде осуден на две години затвор и парична казна од 37.000 евра, а останатите двајца на 22 месеци затвор и 37.000 евра. Одбраната веќе најави жалба на оваа пресуда која не е правосилна, тврдејќи дека станува збор за политички процес.