Јапонците го задржуваат тронот: Тојота најпродавана во светот во 2022 година

45

Минатата година Toyota испорача 10,5 милиони возила ширум светот, со што остана на врвот на листата на најпродавани производители на автомобили.

Toyota продаде рекордни 8,6 милиони возила во странство, што придонесе да се компензира падот на бројот на продадени автомобили на домашниот, јапонски пазар.

Продажбата во Јапонија е намалена за 9,6 отсто, односно на 1,9 милиони возила.

Групацијата Volkswagen (со сите свои марки) го зазеде второто место во светот минатата година. Претходно овој месец VW објави дека има најниска продажба во последните 10 години – 8,3 милиони возила се продадени минатата година.

И Тојота и Фолксваген се соочуваат со тешкотии во нивниот бизнис. Сепак, јапонскиот производител рече дека силната побарувачка во Азија и зголемениот производствен капацитет во Азија и Северна Америка придонеле за пет отсто зголемување на глобалното производство на компанијата во 2022 година, пренесува Ројтерс.