Јапонија бара ослободување од американските царини за челик и алуминиум

Јапонија денеска побара ослободување од царините од 25 отсто за челик и алуминиум што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за сите земји без исклучок, објави јапонскиот министер за трговија Јоџи Муто.

„Ќе преземеме цврсти и неопходни мерки додека внимателно ќе го следиме потенцијалното влијание врз јапонските компании“, рече Муто на прес-конференција, алудирајќи на тарифите што Трамп најави дека ќе се применуваат „без исклучоци“, објави Кјодо.

Главниот секретар на јапонскиот кабинет Јошимаса Хајаши рече дека барањето е поднесено преку јапонската амбасада во САД.