Фото: Belay
Јапонски производител креираше боја без мирис што може да се излупи од секоја површина и веднаш да ги отстрани евентуалните гребнатинки или дамки, пишува Dezeen.
Бојата наречена Belay е дело на Washin Chemical Industry, јапонска компанија специјализирана за производство на боја базирана на вода.
Се нанесува со четка и површината добива сјај како да е премачкана со лак, а нејзината цел е да ги штити површините од гребнатинки и останати дамки. Бојата може да се нанесе и на разни материјали вклучувајќи дрво, метал, пластична смола, камен и плочка.
Благодарение на тоа што може лесно да се излупи од површините, одржувањето е многу лесно. Брендот Belay нуди колекција од десет бои што се лупат, вклучувајќи ги белата и црната. Едно шише содржи 30 милилитри боја, а истата може да се користи и за изработка на мурали на стакло.