Јапонија и САД ја зајакнуваат соработката за експлоатација на ретки минерали во Пацификот

Јапонија и Соединетите Американски Држави планираат заеднички да развијат наоѓалиште на ретки земни елементи во длабочините на Пацификот во близина на јапонскиот остров Минамиторишима, во обид да ја намалат зависноста од Кина, која контролира најголем дел од светскиот пазар за овие стратешки важни суровини, според денешната анализа на „Блумберг“.

Минамиторишима, мал јапонски остров на повеќе од 1.600 километри југоисточно од Токио, се наоѓа над големи наоѓалишта на ретки земни елементи, вклучувајќи итриум, гадолиниум и диспрозиум.

Проценките на јапонските истражувачи покажуваат дека има повеќе од 16 милиони тони минерали од ретки земни елементи во калта на морското дно јужно од островот.