Јапонија ја проширува листата на санкционирани, додадоа уште 25 Руси

57

Јапонија ќе ги замрзне имотите на уште 25 руски државјани и ќе го забрани извозот во 81 руска организација, соопшти Министерството за финансии.

Така, вкупниот број на санкционирани Руси се искачи на 101.

Меѓу 25-те сега санкционирани се Игор Шувалов, поранешен вицепремиер на Русија и претседател на голема државна банка и пет роднини на олигархот Сергеј Чемезов.

Министерството објави и дека забранува извоз на луксузни стоки за Русите.

Токио претстави низа мерки против Москва во последните недели. Последните санкции доаѓаат откако јапонскиот премиер Фумио Кишида вети дека ќе покаже поголема поддршка за Украина на самитот на Г7 во Брисел.