Јапонија ја удвојува финансиската помош за Украина

64

Јапонија ќе ја удвои финансиската помош за Украина на 600 милиони долари во координација со Светската банка, со цел на краток рок да ги реши економските проблеми во таа земја, изјави премиерот Фумио Кишида.

„Добивме повици за краткорочна финансиска поддршка за украинската страна, бидејќи фискалната ситуација се влоши поради руската инвазија“, изјави Кишида за новинарите во Токио.

Јапонија веќе одобри 300 милиони долари помош за Украина во април.