Јапонија ќе им забранува на вработените да работат до доцна

13

japonci na rabota

Вработените во Јапонија повеќе нема да работат до доцна во ноќта, а ваквата иницијатива доби поддршка и од премиерот Шинзо Абе, пишува Financial Times.

Долгиот работен ден што завршува доцна во ноќта, а потоа дружењето со колегите претставуваат симбол на Јапонија исто како и традиционалното суши. Податоците говорат дека оваа навика лошо се одразува на здравјето на нацијата, почнувајќи од намалената продуктивност на работното место, па до пад на бројот на новородени деца.

Во тамошното министерство за здравство ќе се забрани работа по 22 часот почнувајќи од октомври оваа година, а во компаниите вработените ќе може да останат да работат најдоцна до 20 часот.

Компанијата за трговија Itochu се надева дека ќе ги привлече скоро дипломираните Јапонци да почнат со работа во нивната фирма со ново работно време, додека производителот на принтери Ricoh на своите вработени ќе им забранува да останат на работа по 20 часот.

Претходно, јапонската влада дефинираше нацрт закон со кој ќе се воведе задолжително користење на најмалку пет дена годишен одмор во текот на годината.