Јапонската железничка команија West Japan, позната како JR West, претстави голем хуманоиден робот кој ќе извршува задачи ризични за луѓето.
Станува збор за робот кој има торзо и раце со кои врши различни задачи и наредби како чистење на далноводи и електрична мрежа со помош на специјална четка. Сепак, не станува збор само за чистење, бидејќи роботот е способен да ја одржува мрежата благодарение на неговите роботски раце кои се компатибилни со различните алатки.
На врвот на торзото се наоѓаат две дигитални камери кои служат како очи, односно му овозможуваат на човекот кој го контролира роботот да види што работи со помош на VR сет. Тој ги контролира роботските раце со пар контролни рачки.
Благодарение на хидрауличниот кран што го крева торзото, роботот може да крева тешки товари.
Иако е целосно функционален, роботот сепак е само прототип развиен од Nippon Singal и Human Machinery Company. Првиот робот од ваков вид ќе стапи во употреба во 2024 година, а потоа и роботи кои наместо луѓе ќе извршуваат некои други ризични задачи.
Фото:JR West/ Twitter