Јапонија планира со ѕид од 400 километри да се брани од природни катастрофи

60

great wall of japan

Јапонија планира да изгради ѕид од 400 километри за да спречи природните катастрофи да предизвикуваат големи штети за населението, пишува Russia Today.

Делови од ѕидот, за чија реализација ќе бидат потребни над 6,8 милијарди долари, ќе достигнат висина на петкатница. Околу 440 високи ѕидови ќе бидат изградени во североисточниот дел на земјата, која во 2011 година беше погодена од големо цунами, што предизвика големо оштетување на нуклеарната централа Фукушима.

Критичарите на овој проект сметаат дека овој ѕид може да го уништи морскиот животински свет, а од друга страна не ја гарантира безбедноста на населението.

Јапонската влада го најави овој проект под името The great wall of Japan, само неколку месеци по големата природна катастрофа. Активностите за овој проект се во тек и се очекува да биде целосно реализиран за две години.