Јапонија продава нафта за да ги намали цените

39

Јапонското Министерство за индустрија денеска соопшти дека на 9 февруари ќе одржи аукција на која ќе продаде 628.980 барели сурова нафта од државните резерви.

Овој потег ќе биде спроведен како дел од координираната акција што ја започна САД за пласирање на стратешките резерви на пазарот со цел да се намалат цените на „црното злато“. Залихите со нафта, кои ќе бидат земени од складиштето Шибуши во југозападна Јапонија, ќе бидат достапни за понудувачот кој ќе победи на аукцијата на 20 март или подоцна, пренесува Ројтерс.

„Ова е прв круг на пласирање нафта од резервите и ќе спроведеме повеќе аукции кога ќе бидеме подготвени и внимателно ќе ги следиме меѓународните енергетски пазари“, изјави за Ројтерс официјален претставник на Министерството.