Јапонија со нови 708 милијарди долари ќе ја стимулира економијата

46

Јапонската влада донесе нов пакет економски мерки во износ од 708 милијарди долари, со цел да го забрза закрепнувањето од економскиот пад предизвикан до пандемијата. Во рамки на овој пакет се планирани инвестиции во зелени и дигитални иновативни проекти, пренесува Ројтерс.

Со новиот пакет се предвидени околу 384 милијарди долари како директна фискална потрошувачка и за финансирање проекти насочени кон намалување на емисијата на штетни гасови, како и за поттикнување на дигиталните технологии.

Пандемијата ја принуди владата на Јапонија да го стави во мирување планот за фискални реформи и покрај тоа што има најголем јавен долг во индустријата, којшто е двојно поголем од бруто домашниот производ на земјата.

“Подготвивме нови мерки за зачувување на бројот на вработени, за поддршка на економската активност и обнова на економија и отвораме пат кон остварување на раст во зелени и дигитални технологии, за да ги заштитиме луѓето“, рекол премиерот Јошиде Суга.

Со новиот пакет мерки, вкупната економска поддршка на Јапонија за намалување на последиците од пандемијата, ќе достигнат околу три билиони долари, што е околу две третини од бруто домашниот производ на земјата.

Фото: Freepik