Јапонија тројно го зголеми увозот на руски течен природен гас

52

Јапонија во август го зголемила увозот на течен природен гас од Русија повеќе од три пати, се вели во документот објавен од Министерството за финансии на Јапонија.

Обемот на испораките на гас минатиот месец во однос на август 2021 година е зголемен за 211,2 отсто, додека годишниот увоз на нафта, во истиот период, е намален за 20,3 отсто.

Во август увозот на јаглен од Русија е намален за 32,6 отсто во однос на истиот период лани, додека увозот на руда е зголемен за 44,9 отсто. Покрај тоа, Јапонија го зголеми увозот на зеленчук од Русија за 154 отсто, но го намали увозот на жито и соја за околу 95 отсто, пренесува „Спутник“.

Вкупниот обем на извозот од Јапонија во Русија во август е намален за 24,3 отсто на годишно ниво и изнесува 384 милиони долари, додека увозот на руски производи во Јапонија за истиот период е зголемен за 67,4 отсто и изнесува 1,15 милијарди долари.

На крајот на јуни, земјите од Г7, меѓу кои е и Јапонија, потврдија дека сакаат да ја намалат зависноста од руските извори на енергија, а во септември да ја ограничат цената на нафтата.

Планирано е ограничувањето на цената да почне на 5 декември 2022 година за нафтата и на 5 февруари 2023 година за нафтените деривати.

Москва предупреди дека земјите кои применуваат ценовни ограничувања ќе останат без нафта.