Фото: OIST (Okinawa Institute of Science and Technology)
Тим научници од Институтот за наука и технологија од Окинава, Јапонија, ќе креираат турбини коишто генерираат енергија од бранови.
Овие турбини ќе функционираат заедно со тетраподи, направи коишто ги штитат бреговите од ерозија при силни бранови, пишува New Atlas.
Системот е дизајниран не само да генерира енергија од брановите, туку и да ја распоредува. Турбините ќе бидат поставени пред тетраподите или близу природни структури како корални гребени. Овие турбини ќе бидат прицврстени за морското дно со кабли и ќе излегуваат на површината точно каде што ќе удираат брановите.
Секоја турбина ќе има пет сечила со дијаметар од 70 сантиметри прикачени за магнетно – електричен генератор обложен во керамика со цел да се заштити од солената морска вода. Сечилата се создадени да може било кое морско животно да се ослободи ако случајно залета во нив. Тие се, исто така, и многу флексибилни за да издржат силни бури како тајфуни и ќе можат да се наведнуваат како стеблата на растенијата.
Според истражувачите, турбините се очекува да траат 10 години.