Јапонија влезе во рецесија

37

Јапонската економија влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година, бидејќи пандемија со Ковид-19 прекина производство, извоз и потрошувачка.

Јапонската влада објави дека бруто домашниот производ паднал во реални услови во периодот јануари – март за 3,4% на годишно ниво, според сезонски прилагодените податоци. На квартално ниво, падот беше 0,9%, пренесува CNBC.

Извозот потона 21,8%, приватните инвестиции во градбата на станови за скоро 17% и потрошувачката на домаќинствата за 3,1%.

Аналитичари очекуваат ситуацијата да се влоши бидејќи, третата по големина светска економија се соочува со најголемиот предизвик од Втората светска војна.

Фото: Pixabay