Јапонска компанија во мај го обновува производството на чипови

52

Јапонски Renesas Electronics, којшто е светски лидер во производство на чипови, планира да го обнови производството во мај оваа година во главниот погон на оштетената фабрика што беше зафатена од пожар, изјави првиот човек на компанијата, Хидетоши Шибата.

“Продуктивноста на нашата фабрика во префектурата Ибарака би требало да достигне 100% во текот на мај. Овој месец ја купуваме потребната опрема за замена на таа што беше оштетена во пожарот“, рекол тој.

Јапонските производители на автомобили се соочија со проблеми поради недостиг од чипови на почетокот на оваа година, поврзани со зголемената побарувачка за тие производи и поради изградбата на мобилни мрежи од петтата генерација во многу земји.

Фото: Pixabay