Фото: Facebook
Јапонската пивара Asahi ја презема чешката пивара Pilsner Urquell, пишува Prague Morning.
Asahi плати 7,3 милијарди евра за неколку пивски брендови од Чешка, Словачка, Полска, Унгарија и Романија, а коишто припаѓаа на мултинационата компанија SABMiller.
“Традиционалното чешко пиво ќе продолжи да се произведува и ќе остане богатство. Pilsner Urquell и Asahi се поврзани не само преку почитување на традицијата, туку и страста за иновации“, вели Том Верхаген од Asahi.
Pilsner Urquell е со седиште во Плзен, а првото пиво е произведено во 1842 година.