Јапонски експерти пресметаа колку светската економија изгуби во оваа криза

37

Глобалните лидери дадоа милијарди долари за борба против пандемијата Ковид-19 и за поддршка на глобалната економија, објави јапонскиот деловен весник Nikkei, повикувајќи се на свои експерти.

Се проценува дека вкупната сума сега надминува 13 билиони долари ширум светот. Вклучувајќи го и стимулативниот пакет вреден 900 милијарди долари, усвоен од Конгресот на САД оваа недела.

Усвојувањето на дополнителни програми за стимулирање на глобалната економија нагло го зголеми јавниот долг во водечките земји во светот, се вели во извештајот.

Експертите предвидуваат дека во 2021 година, тој ќе достигне 125% од вкупниот БДП. Сите меѓународни организации предупредуваат дека глобалната економија нема да се врати на нивото пред пандемијата долго време.

Според Обединетите нации, светската економија годинава ќе се намали за 5,6%, бидејќи сè повеќе земји се во рецесија поради кризата.

Фото: Pixabay