Јапонски Hitachi за 300 милиони долари продава удел на турски Arçelik

46

Јапонски Hitachi е во завршна фаза од преговорите за продажба на 60% удел во бизнисот со апарати за домаќинство на турската компанија Arçelik за околу 300 милиони долари.

Јапонскиот конгломерат планира да го продаде уделот во бизнисот што го води нејзината компанија за апарати за домаќинство Hitachi Global Life Solutions Inc, бидејќи саката да воспостави канали за продажба во Европа и на другите пазари во странство преку мрежата на турската компанија.

Hitachi во овој момент вложува големи напори преку реструктуирање да го врати фокусот на својата основна дејност, којашто е инфраструктура и информатички технологии. Како дел од таквата стратегија, компанијата планира да го продаде уделот во подружниците Hitachi Construction Machinery Co. и Hitachi Metals LTD.

Во сегментот на апарати за домаќинство, заклучно март оваа година, годишните приходи на Hitachi изнесуваат 4,5 милијарди долари и тоа најголем дел од домашниот пазар.

Фото: Facebook