Јапонски мегафон преведува додека зборувате

74

megafon

Додека Google Translate помага преку преведување на текстови, Panasonic направи чекор напред и создаде мегафон што ги преведува зборовите додека се изговараат.

Јапонската компанија го креираше мегафонот Megahonyaku којшто јапонскиот јазик директно го преведува на англиски, кинески и корејски, пишува Тechfactslive. Неговата примена ќе биде добредојдена на аеродромите, железничките станици, како и на популарните туристички места.

Megahonyaku може да преведе 300 фрази, но како што најавуваат од компанијата, во иднина овој мегафон ќе стане попаметен и сопствениците ќе може преку интернет да преземаат дополнителни фрази.

Мегафонот во изминатата година бил тестиран од околу 30 организации. Во продажба ќе биде од 20 декември, но исклучиво со потпишување на тригодишен договор со месечен надомест од 180 долари. Од компанијата планираат до 2018 година да склучат 10.000 договори.