Кјоши Кимура, мајстор за суши и претседател на компанијата што стои зад ланецот ресторани Sushi-Zanmai, плати 117.000 долари за гигантска bluefin туна на новогодишниот рибен пазар во Токио.
Тој победи на наддавањето што секоја година се одржува на пазарот и гордо ја понесе со себе големата риба тешка дури 200 килограми, пишува Tribune.
Овој вид на туна е загрозен поради честиот улов на северниот брег на Јапонија. Сепак, пазарот е долгоочекуван настан за купувачите и еден вид на натпревар за првата купена риба во годината, каде се фрлаат големи суми, а bluefin туната е најчесто најскапата и најголемата риба што се нуди.
Едно мало парче од “otoro”, односно масниот дел под стомакот на рибата, може да достигне цена и од неколку стотици долари.