Брендот за часовници Jaquet Droz ја претстави својата најнова верзија на шармантниот часовник Bird Repeater.
Компанијата е многу добро позната и ценета токму поради своите уникатни парчиња кои се вреднувани поради естетскиот дел и совршено прецизниот механизам.
Кога станува збор за визуелниот момент, овој часовник ја отсликува Женева во времето кога Пјер Жакет Дроз го основа својот прв производен погон во 1784 година. Во центарот на дизајнот се наоѓаат важните обележја на градот, како фонтаната Jet d’Eau и светилникот Le Phare des Paquis.
Тука се и двете рачно обликувани птици од злато кои ги чуваат јајцата во гнездото.
Часовникот прави вистинска магија со креирањето на осумте анимации кои се истовремено префинети и спектакуларни. Во внатрешноста се наоѓа автоматскиот механизам на навивање Jaquet Droz RMA88.
Поради својата ексклузивност ќе бидат произведени само осум вакви ремек дела, по цена од пола милион долари.