ЈАР, Кореја и Мексико се новите извозни адути на Хрватска

44

hr izvozЈужноафриканската Република, Јужна Кореја и Мексико се само некои од пазарите на кои веќе од втората половина на оваа година би можело да дојде до продор на хрватската стока. Тоа ќе биде последица на влегувањето на Хрватска во ЕУ. Нејзиното членоство ќе значи и преземање на трговската политика на ЕУ, па така и договорите за слободна трговија кои Унијата ги склучила со трети земји, пишува Јутарњи лист.

“Значењето на овие земји, како и на другите брзорастечки пазари, за нашата економија следните години сигурно ќе порасне. Влегувањето во ЕУ ќе ни го олесни извозот”, оценува независниот економист Анте Бабиќ.

Својата можност за ширење на овие пазари хрватските компании гледаат најнапред во добивањето на сертификат на ЕУ, кој би требало да им ги отвори вратите.

“Мексико ни станува сериозен партнер”, вели Даворин Гајник, директор на Имунолошкиот завод. Тој се надева дека Заводот ќе добие потврда дека неговите производи се во согласност со европските стандарди и со тоа ќе се отворат и други пазари, како американскиот и оние на Блискиот и Далечниот Исток. Меѓутоа, Гајник предупредува дека извозот во фармацевтската индустрија е подложен на строги контроли на земјите во кои се пласира, па затоа не треба да се очекува дека членството во ЕУ само по себе ќе направи чуда.