Јат ќе го зголеми бројот на летови кон Хрватска, Македонија и Црна Гора

26

jatЈат ервејз во текот на претстојната летна сезона ќе го зголеми бројот на летови кон регионот, но и кон останатите европски дестинации, најави директорот на продажба, Ѓорѓе Вукотиќ.

Вукотиќ за Танјуг изјави дека првенствено ќе се зголеми бројот на летови кон Хрватска, па така за Дубровник ќе се лета пет пати неделно, а за Пула и Сплит четири пати неделно. Освен тоа, ќе се интензивира бројот на летови кон Македонија и Црна Гора, особено кон Скопје, Охрид и Тиват.

Цените за билетите во регионот ќе бидат 99 евра со вклучени такси, додека за Европа, во зависност од дестинацијата, ќе се движат од 119 до 199 евра.