Јаткастите плодови и нивните благодети

25

gricki

Фото: Pexels

Освен што се вкусни, тие се и навистина корисни. Секој плод има своја улога во подобрување на здравјето.

Ореви за намалување на холестеролот

Оревите се најдобри за оние кои страдаат од зголемени вредности на холестерол во крвта. Според истражувањата, редовното конзумирање на ореви може да го намали холестеролот од 0,3 од 0,5 единици.

Лешници за здраво срце

Овие вкусни плодови се богати со здрави масни киселини и се еден од најдобрите извори на витамин Е. Лешниците содржат и влакна, калциум, цинк, магнезиум, фолна киселина и биотин кој што го чува здравјето на срцето.

Кикирики за слабеење

Мастите, влакната и протеините кои што ги содржат кикиритките ќе ви помогнат подолго време да се чувствувате сити и ќе ви го намалат апетитот. Според едно истржување на Харвард, луѓето кои редовно јадат по еден грст кикиритки помалку варираат со килажата и полесно слабеат.

Ф’стаци за понизок притисок

Освен што се вкусни, тие содржат и многу калиум. Ако се конзумираат умерено помагаат за регулирање на притисокот. Единствено оние луѓе кои патат од бубрежни пореметувања треба да ги одбегнуваат.

Бадеми погодни за дијабетичари

Бадемите имаат најнизок гликемски индекс од сите јаткасти плодови  и токму затоа се добри за дијабетичарите. Богати се со магнезиум, кој што има важна улога во регулирање на шеќерот во крвта.

Индиски ореви против замор

Овој плод е многу богат со железо, минерал кој што му помага на организмот да се снабди со кислород, а со тоа да ја зголеми и енергијата. Освен тоа индиските ореви содржат и многу влакна, витамин Е и К, магнезиум и калиум.