Јавна дебата за перцепцијата на граѓаните за корупцијата

10

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје денес на јавна дебата ќе ги презентира резултатите од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во локалната самоуправа и резултатите од квалитативната анализа на антикорупциските мерки во секторот локална самоуправа од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015.

На настанот сите инволвирани страни, локалната самоуправа, владините институции, граѓанските организации и медиумите, ќе можат да ги споделат своите размислувања за ова истражување, како и заклучоците и препораките од квалитативната анализа за антикорупциските мерки во локалната самоуправа.

На јавната дебата ќе се обратат претседателот на ДКСК Ѓорги Сламков и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Ралф Брет.