
На друштвата Тутунски комбинат АД Прилеп, Вабтек МЗТ АД Скопје, Жито Караорман АД Кичево и ДС Смитх АД Скопје им е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата.
На друштвата Тутунски комбинат АД Прилеп, Вабтек МЗТ АД Скопје и Жито Караорман АД Кичево, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.-31.12.2024 година најдоцна до 01.03.2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 3 од Правилата за котација.
На друштвото ДС Смитх АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на образложение на резултатите кон неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2024 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 4 од Правилата за котација.