Јавна расправа за Европската стратегија за економско јакнење на жените

30

Javna-rasprava-golemaВо организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при македонското Собрание, а во соработка со Занаетчиската комора на Република Македонија и Бизнис конфедерацијата на Македонија, денес ќе се одржи јавна расправа за Европската стратегија за економско јакнење на жените.

На настанот ќе зборува претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Лилјана Поповска, а излагање за ЕУ иницијатива Еднаквоста се исплати – дел од програмата за вработување и социјална солидарност на ЕУ, ќе има извршниот директор на Занаетчиската комора на Република Македонија, Оливија Штерјова.

Извршниот директор на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, ќе има излагање за значењето на иницијативата за економскиот развој на Македонија, а извршната директорка на Македонското женско лоби, Даниела Димитриевска ќе зборува за улогата на женските граѓански организации во подигање на свеста за потребите од економско јакнење на жените.