Jавни личности порачуваат: Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е, ефикасно е

60

Десетина јавни личности во државата ја поддржаа кампањата за подигање на свеста за потребата од вакцинација против ковид-19 и заеднички ја испраќаат пораката: Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е, ефикасно е.

Во едноминутно видео тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија.

Меѓу јавните личности кои се дел од оваа кампања се: евроамбасадорот Дејвид Гир, докторот Никола Пановски, фудбалскиот селектор Игор Ангеловски-Мрме, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед …

Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската Комора, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации.