Јавниот долг на Германија достигна 1.300 милијарди евра

63

Големите пакети финансиска помош на германската економија во текот на пандемијата лани, првпат по повеќе години, го зголемија јавниот долг на земјата.

Според податоците на Будесбанк, државниот долг минатата година се зголеми за 275 милијарди евра на вкупно 1.300 милијарди евра.

Уделот на јавниот долг во бруто домашниот производ порасна за 10,3% на 70%. Тоа е најголема стапка на раст од задолжување од времето на обединување на источна и западна Германија.

Фото: Pexels