Јавниот долг на САД за 30 години ќе надмине 195% од БДП

24

Пандемијата на коронавирусот во наредниот период ќе ги влоши долгорочните фискални перспективи на САД, а јавниот долг во 2050 година би можел да биде речиси двојно поголем од Бруто домашниот производ (БДП), соопшти федералната агенција CBО (Congressional Budget Office).

Освен ако не се променат законите за даноци и потрошувачка, јавниот долг до 2050 година ќе достигне 195% од американскиот БДП.

Оваа прогноза САД би ги доближиле до нивоата што сега се забележани во Јапонија и Грција.

Претходните проценки беа дека американскиот јавен долг во 2049 година ќе биде 144% од БДП. До крајот на оваа година јавниот долг ќе достигне 98% од БДП, додека во 2019 година тој беше 79%, а во 2007 година, непосредно пред избувнувањето на големата финансиска криза, тој беше само 35% од БДП.

Долгот го влошуваат повисоките буџетски дефицити, поврзани со бавното закрепнување од ковид – кризата, повисоките трошоци за камати за нивно финансирање и очекуваниот раст на трошоците за здравствени и социјални програми што ги носи стареењето на населението.

Фото: Pexels