Јавниот долг во еврозоната надмина 100% од БДП

36

Според објавените податоци на агенцијата за статистика на Европската унија, Евростат, јавниот долг на еврозоната се зголеми на 100,5% од БДП во првиот квартал од 97,8% на крајот на последниот квартал на 2020 година. Во ЕУ тој сооднос се зголеми од 90,5 на 92,9%.

Ова е поттикнато од потребата земјите членки да продолжат со мерките за финансирање за ублажување на економските и социјалните последици од пандемијата и мерките за закрепнување од коронавирусот.

Грција имаше највисоко ниво на државен долг на крајот на првиот квартал од 2021 година (209,3 %), следи Италија (160%), Португалија (137,2%), Кипар (125,7%) и Шпанија (125,2%)., Белгија (118,6%) и Франција (118 %), додека најниско ниво е забележано во Естонија (18,5%), Бугарија (25,1%) и Луксембург (28,1%).

Според Евростат од земјите членки на ЕУ од поранешна Југославија, јавниот долг на Хрватска се зголеми на 91,3% од БДП во набљудуваниот период, додека во Словенија тој изнесуваше нешто помалку од 90%.

Фото: Freepik