На крајот на првиот квартал од 2021 година, јавниот долг изнесува 61,9% од бруто домашниот производ (БДП), што е повисоко за 1,7 процентни поени (п.п.) во споредба со крајот на 2020 година, покажуваат податоците на Народна банка.
Ваквата промена произлегува од надворешниот јавен долг, којшто е зголемен за 3,2 п.п. и на крајот на кварталот изнесува 43,4% од БДП, при намалување кај внатрешниот јавен долг за 1,5 п.п., при што изнесува 18,5% од БДП. Вкупниот државен долг во првиот квартал од годината е зголемен во однос на крајот на 2020 година за 2,3 п.п. и изнесува 53,5% од БДП, додека долгот на јавните претпријатија (гарантиран и негарантиран)33 на крајот на кварталот изнесува 8,3% од БДП.
Јавниот долг претставува збир на државниот долг и долгот на јавните претпријатија основани од државата или од општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и трговските друштва коишто се во целосна или во претежна сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје.
Фото: Pexels