Јавниот карактер на македонскиот регистар на вистински сопственици не е во целосна согласност со праксата на Европскиот суд на правдата

55

Вистински сопственик, како правен поим воопшто не е новина ниту во нашиот, ниту во европскиот правен систем. Имено, поимот „вистински сопственик„ за првпат е дефиниран во Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам од 2014 година (Службен весник бр. 130/14) и оваа дефиниција е суштински непроменета сѐ до денес, иако во меѓувреме се донесоа два нови закони за спречување перење пари. Меѓутоа, во пракса сè уште не е целосно јасно зошто постојат регистрите на вистински сопственици и за што треба да се користат.

Работите дополнително се усложнуваат по донесувањето на пресудата на Европскиот суд на правдата во предметот “WM and Sovim SA” (Joined Cases C37/20 and C601/20, со која беше поништена одредбата од Европската директива 2018/843 со која регистарот на вистински сопственици е отворен за јавноста. Поради ова, пристапот до регистрите на вистински сопственици не е отворен за целата јавност во најмалку 7 земји–членки на ЕУ, односно пристапот до регистарот е ограничен само на оние лица кои ќе докажат јавен интерес (истражувачки новинари, невладини организации, итн.)

Сепак, пресудата на Европскиот суд на правдата нема правно дејство во македонскиот правен систем, па затоа нашиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам кој е заснован на директивата 2018/843, останува важечки, заедно со Регистарот на вистински сопсвеници.

Од друга страна, во тек се интер-институционални преговори околу нова директива за спречување перење пари – 6AMLD, со која европските законодавци ќе се обидат ја решат ситуацијата и повторно да обезбедат поширока достапност на податоците од регистарот на вистински сопственици, а согласно гореспоменатата пресуда на Европскиот суд на правдата.

Повеќе на оваа тема можете да прочитате во статијата објавена на веб-страна на Адвокатската канцеларија Чакаровска и тоа на следниот линк:

https://cakarovska.com.mk/blog_post/utvrduvanje-na-vistinski-sopstvenik-na-pravno-lice

Фото: Pixabay