Јаворовиот лист испечатен на банкнотата од 20 канадски долари е од норвешки јавор, предупредуваат ботаничарите.
Канадскиот јаворов лист е национален симбол и се појавува на знамето, владиното лого и безброј други брендови.
Како што вели професорот Џулијан Стар од Универзитетот во Отава, норвешкиот јавор е автохтон европски јавор со пет издвоени делови и поостри рабови, додека канадскиот шеќерен јаворов лист има само три дела и е помазен.
Централната банка на Канада ги отфли обвинувањата и тврди дека листот не е од норвешки јавор, туку дека е “стилизиран канадски јаворов лист” и не претставува никако посебен вид на дрво, туку е комбинација на видови.
“Не е норвешки јаворов лист. Тоа е стилизиран јаворов лист и тоа е што треба да биде”, изјави портпаролот на централната банка, Џули Жерард.
Новите банкноти од 20 канадски долари се пуштени во ноември.