Американската министерка за финансии, Џенет Јелен оваа недела од своите колеги на Г20 ќе побара минималната стапка на оданочување на компаниите да биде повисока од договорените 15%.
Иницијативата на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и групата Г20 за сузбивање на избегнување на плаќање даноци предложи воведување минимална глобална стапка на оданочување на компаниите од најмалку 15%.
Кабинетот на американскиот претседател, Џо Бајден планира да ги измени даночните закони и двојно да ја зголеми стапката на оданочување на добивката што американските компании ја остваруваат во странство, на 21%, за финансирање на постпандемиското закрепнување.
Белата куќа сака да воведе и нов данок според којшто компаниите не би имале право на даночно одбивање во САД ако плаќаат данок во земјите каде што не се е прифатена глобалната минимална даночна стапка.
Фото: Facebook