Јелен ќе побара повисока минимална глобална стапка на оданочување

21

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен оваа недела од своите колеги на Г20 ќе побара минималната стапка на оданочување на компаниите да биде повисока од договорените 15%.

Иницијативата на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и групата Г20 за сузбивање на избегнување на плаќање даноци предложи воведување минимална глобална стапка на оданочување на компаниите од најмалку 15%.

Кабинетот на американскиот претседател, Џо Бајден планира да ги измени даночните закони и двојно да ја зголеми стапката на оданочување на добивката што американските компании ја остваруваат во странство, на 21%, за финансирање на постпандемиското закрепнување.

Белата куќа сака да воведе и нов данок според којшто компаниите не би имале право на даночно одбивање во САД ако плаќаат данок во земјите каде што не се е прифатена глобалната минимална даночна стапка.

Фото: Facebook