Јелен: Нема рецесија во САД

91

Американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека гледа начин да се избегне рецесија во САД.

Таа рече дека гледа пат за избегнување на рецесија во САД, со значително олеснување на инфлацијата, а економијата останува силна, со оглед на силата на американскиот пазар на труд, пренесува Ројтерс.

„Немате рецесија кога имате 500.000 работни места и најниска стапка на невработеност во повеќе од 50 години“, изјави Јелен за Добро утро Америка на ABC.

Јелен рече дека инфлацијата останува превисока, но се намалува во последните шест месеци и може значително да се намали со оглед на мерките усвоени од администрацијата на Бајден, вклучувајќи чекори за намалување на цената на бензинот и лековите на рецепт.