Јелен: Прерано е да се шпекулира за економските последици од конфликтот на Блискиот Исток

16

– Прерано е да се размислува за економските последици од израелско-палестинскиот конфликт, бидејќи тие зависат од тоа дали конфликтот ќе се прошири во регионот, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Таа изјави за Скај њуз дека продолжувањето на конфликтот надвор од Израел и Газа е „сигурно исход што сакаме да го избегнеме“, според Ројтерс.

На прашањето дали САД и Западот можат да си дозволат уште една војна, Јелен одговори „апсолутно“.