Јелен: Целосна забрана за извоз на руска нафта ќе предизвика огромен пораст на цените

88

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека целосната забрана за извоз на руска нафта очигледно ќе доведе до „огромно зголемување“ на цените на светскиот пазар, што ќе им наштети на Соединетите Држави и нивните демократски сојузници, пренесува Гласот на Америка.

Јелен вчера рече дека се надева дека нафтените компании во САД и другите делови на светот, мотивирани од сегашните високи цени на таа енергија, ќе можат да го зголемат производството во следните шест месеци, по што би можеле да воведат построги ограничувања за руската нафта.

Таа рече дека акциите на Русија во Украина ќе имаат „огромни последици во Украина и пошироко“. Според неа, прелевањето на кризата ја зголемува економската ранливост во многу земји кои веќе се соочуваат со поголем должнички товар и ограничени опции додека закрепнуваат од ефектите на пандемијата Ковид 19.